Соопштение: Финансиите на политичките партии под закрила на институциите
До кога финансиите на политичките партии ќе бидат „заштитена мечка“ во Македонија? Транспарентност Македонија остро реагира на одлуките на Вишиот Управен Суд на РМ со кои го ограничува правото на слободен пристап до информации за финансиите на политичките партии. Прашањата кои беа предмет на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер се однесуваа за финансирањето на политичките партии за парламентарните избори од 2011 година во периодот кога политичките партии сѐ уште беа иматели на информации според Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер (КОМСПИ).