Топ контакт

Контактирајте нè на: pravo@soros.org.mk 

Choose language

Search

Breadcrumbs

Промоција на законските права и обврски од слободниот пристап до информациите

P1011065Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) ја поддржа Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и во периодот од 9 мај до 17 јуни 2011 беа одржани девет од вкупно десетте планирани регионални обуки на тема: “Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер“. Обуките се наменети за граѓаните, здруженијата, како и за службените лица кај имателите на информации од јавен карактер, кои директно учествуваат во спроведување на Законот. Обуките беа спроведени во градовите Велес, Штип, Кичево, Дебар, Ресен, Струга, Струмица, Гевгелија и Кратово. Во периодот што следи едукативна обука е предвидено да се одржи и во Делчево.



P1011077Целта на обуките е подигнување на јавната свест и степенот на запознаеност на граѓаните и здруженијата со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и измените на истиот од 2010 година, за можностите кои произлегуваат од него, како и за начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Обуките  ги спроведуваат сертифицирани обучувачи од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.