Breadcrumbs

Артикли

Вести

Како се изигрува Законот за слободен пристап дo информации од јавен карактер

Овој напис го има и на: Албански

Cover-up. Фото: Truthout.org,, Jared Rodriguez, 2012

Cover-up. Фото: Truthout.org, Jared Rodriguez, 2012

Според искуствата на новинарите, министерствата за финансии и за внатрешни работи се најзатворените институции во земјава. МВР, речиси во сите случаи се повикувало на класифицирани информации, а Министерството за финансии или не одговара или, пак, прави сè да го одбие барањето. Министерството за финансии крие колку пари им исплатило на неосновано притворените или судени луѓе во Македонија, за тајна го смета и бројот на луѓе кои исполнија услов за пензија, но побарале продолжување на работниот стаж и серија други прашања за кои парите се исплатуваат од буџетот и овие информации во никој случај не можат да бидат тајни.

Пишува: Саше Димовски

Случај 01

Копија од сите договори склучени помеѓу вашата Општина и невладините организации за финансирање на проекти од Буџетот на општината за 2013 година, вклучително и копија од општинските одлуки за доделување на средствата поединечно по невладина организација.

Барање | Одговор

Претставена платформата „SlobodenPristap.mk“

Правната програма на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) во соработка со Фондацијата „Метаморфозис“, на 11-ти декември ја претставија интернет платформата „Слободен пристап“ (http://slobodenpristap.mk/) која има за цел да помогне во процесот на барање информации од јавен карактер.

Покана за прес-конференција: Промоција на бесплатна е-платформа за слободен пристап до информации од јавен карактер

По повод 10-ти декември, денот на човековите права, правната програма на Фондацијата отворено општество – Македонија (ФООМ), во соработка со Метаморфозис, Фондација за интернет и општество, во среда, 11 декември 2013 година, во ГЕМ клубот, со почеток во 10.30 часот, ќе одржи прес конференција за новинари на која ќе ја промовира бесплатната е-платформа за испраќање на барања за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Инфографик: Законот за слободен пристап до информации од гледна точка на имателите на информации од јавен карактер

Додека од една страна, истражувањата и извештаите за запознаеноста и ставовите на граѓаните со Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер се или оскудни или воопшто ги нема, од друга страна постојат повеќе извештаи кои ги опфаќаат имателите на информации. Имено, во својот годишен извештај Комисијата редовно дава осврт на имплементацијата на Законот и се осврнува на обврската и на податоците што ги добива од страна на имателите на информации кои се задолжени да доставуваат годишен извештај до Комисијата. Иако ваквите извештаи се само делумни, тие сепак даваат слика за состојбата и за имплементацијата на Законот од страна на имателите на информации.

Инфографик: Граѓаните за правото на слободен пристап до информации

Студијата „Надминување на принципите на тајност во работењето на администрацијата“ дава детален преглед на одговорите на граѓаните за правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер во Република Македонија, кои произлегоа од спроведеното квантитативно истражување на национален репрезентативен примерок. Загрижува фактот што сè уште мнозинство од граѓаните не се запознаени со правото на слободен пристап. Значителен дел од нив ниту сметаат дека имаат право на пристап до информациите од јавен карактер, особено не на оние од областа на здравството и во врска со информациите коишто ги поседуваат Владата и министерствата. Од друга страна, позитивно е што граѓаните имаат интерес за пристап до информациите, особено оние од областа на животната средина.

„Да не заборавам: Имам права!“ - започнува дистрибуцијата на роковник за 2014 година

Правната програма при Фондацијата Отворено општество – Македонија подготви роковник за афирмација на примената на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер. Роковникот кој ја содржи пораката ДА НЕ ЗАБОРАВАМ: ИМАМ ПРАВА!, наменет за активистите за човекови права и за студенти, ќе се дистрибуира бесплатно на обуките и јавните настани кои ги организира ФООМ, како и во ГЕМ клубот (ул. Караорман бб). Можете да го добиете и ако ни пратите е-маил на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .

Позитивен пример за примената на алатката FOI во светот

Весникот Дејли телеграф (Daily Telegraph ) преку слободен пристап до информации побарал информации за тоа дали, и кога, шкотскиот прв министер (Алекс Salmond) отплатил или не отплатил 259,40 £ од парите на даночните обврзници кои ги искористил за да плати за панталони за бал на кој присуствувал во Кина во декември 2011 година. Со тоа го поттикнал министерот да ги врати овие пари кои ги „позајмил“ од даночните обврзници. Повеќе за оваа сторија на следниот линк: Дејли телеграф
Половина од граѓаните не знаат дека постои Закон за слободен пристап до информации

Повеќе од половина, односно 52,3 отсто од граѓаните, не слушнале дека постои Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер, иако истиот е донесен пред седум години. Од друга страна, голем дел од службениците кои располагаат со информации од јавен карактер, се плашат да дадат одредена информација. Ова го покажуваат резултатите од последното истражување на примената на Законот, презентирани на 27-ми септември 2013 година, по повод 28-ми септември, Меѓународниот ден на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Соопштение: Финансиите на политичките партии под закрила на институциите

До кога финансиите на политичките партии ќе бидат „заштитена мечка“ во Македонија? Транспарентност Македонија остро реагира на одлуките на Вишиот Управен Суд на РМ со кои го ограничува правото на слободен пристап до информации за финансиите на политичките партии. Прашањата кои беа предмет на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер се однесуваа за финансирањето на политичките партии за парламентарните избори од 2011 година во периодот кога политичките партии сѐ уште беа иматели на информации според Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер (КОМСПИ).

ПРОМОЦИЈА НА РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕ, 27.09.2013


Right to Know Day - Меѓународен ден на правото за слободен пристап до информации

Фондацијата Oтворено општество - Македонија (ФООМ), по повод Меѓународниот ден на правото за слободен пристап до информации, 28 септември, ќе ги промовира резултатите од најновото истражување за перцепцијата на граѓаните за правото на слободен пристап до информации во Македонија, како и видувањата на имателите на информации во врска со спроведувањето на Законот за слободен пристап до информациите. Промоцијата ќе се одржи во петок, 27 септември 2013 година, во ГЕМ клубот, со почеток во 10.30 часот.

Непостоењето на соодветен систем за санкционирање на имателите на информации ги прави неодговорни во почитувањето на законските обврски

Целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер донесен пред седум години, беше пред сѐ овозможување на пристап на граѓаните и другите лица до информациите кои ги создаваат државните органи при својата работа, а кои се од јавен интерес. Но, и по седумгодишната примена, некои државни институции не ја сфатија сериозно правната обврска која произлегува од овој закон, ниту пак одговорноста која би ја сносиле доколку не одговорат на поднесеното барање.

Имателите на информации со формализам го ограничуваат правото за слободен пристап до информациите

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер (во понатамошниот текст „Комисијата“) ги поучува имателите како да го одбијат пристапот до бараните информации, а со тоа  им оневозможуваат на барателите да си го остварат своето уставно и законско загарантирано право.

Институциите поминуваат неказнето иако не ги почитуваат роковите за донесување акти предвидени со НПАА 2012

Во текот на 2012 година, Македонското здружение на млади правници (во понатамошниот текст „МЗМП“) во рамките на проектот „Остварување на правото на пристап до информациите со обезбедување правна помош и стратешко застапување“, поднесе повеќе барања[1] до разни иматели на информации со цел изработка на Анализа за спроведувањето на НПАА 2012 и дали истата се почитува, притоа како алатка го користи правото на пристап до информации од јавен карактер.

Законот за слободен пристап до информации е добар, но не се спроведува целосно

Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, и понатаму не се имплементира правилно. Иако од неговото стапување во сила изминаа шест години, граѓаните и институциите се уште имаат проблеми при добивање на информации од јавен карактер. Ова се генералните заклучоци во анализата за имплементација на Законот, изработена од Фондацијата Отворено општество-Македонија (ФООМ) која беше претставена на 27 септември 2012, еден ден пред „Меѓународниот ден за слободен пристап до информации од јавен карактер“.

Презентирајќи ги наодите во анализата, Данче Даниловска, оцени дека Законот е добар но проблематична примената, и тоа на повеќе нивоа. „40 отсто од поднесените 732 барања беа обжалени пред Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер. При тоа, дури половина од поднесените жалби се заради молчење на администрацијата“ истакна Даниловска.

Подобрување има, ама пристапот до информации од јавен карактер сè уште е исправен пред сериозни предизвици

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во јули 2012 год. поднесе 145 барања за слободен пристап до информации од јавен карактер до повеќе државни органи. Барањата беа доставени со цел добивање на информации за динамиката на спроведувањето на Националната програма за усвојување на правото на Европската унија (НПАА 2012). НПАА 2012 претставува стратешки документ кој предвидува поединечни обврски за државните органи од чие исполнување зависи процесот на пристапување на Р.М кон ЕУ. Со оглед на тоа што НПАА 2012 е мошне обемен документ, МЗМП се фокусираше на остварувањето на Поглавје 23: Правосудство и фундаментални права и Поглавје 24: Правда, слобода и безбедност.

КОМСПИ го ускратува правото на слободен пристап до информациите со формализирање на постапката

Дали Комисијата за слободен пристап до информации од јавен карактер (во понатамошниот текст „Комисијата“) вршејќи ја својата работа постапува како заштитник на Имателите на информации за сметка на правото на пристап до информации на граѓаните? Дали Комисијата се грижи за спроведување на одредбите од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер (во понатамошниот текст „Законот“) како нејзина законска обврска? Или пак строгиот и на моменти неоправдан формализам во работењето на Комисијата придонесува кон ускратување на правото на пристап до информации од јавен карактер на барателите?

Дискусии на ниво на ЕУ за ревизија на правилата за пристап до документи за институциите да бидат помалку транспарентни

Невладините организации ја искажуваат својата загриженост за заканата врз законодавството за транспарентност на ЕУ

6 јуни 2012 година – Според организациите за заштита на животната средина и за транспарентност, клучното законодавство на ЕУ е под сериозна закана. Во писмото испратено до Европскиот совет, граѓанското општество предупредува дека преговорите кои се одвиваат во моментов и се однесуваат на регулативата за пристап до документи може уште повеќе да го отежни учеството на граѓанските организации во процесот на донесување одлуки на ниво на ЕУ. Здруженијата сметаат дека сите промени во постојното законодавство треба да бидат во согласност со Договорите на Европската унија и со меѓународните стандарди.

Европската унија усвои нов закон кој го предложи Европската комисија со цел да се гарантира правото на информации на обвинетите во текот на кривични постапки

Министрите за правда на државите-членки на ЕУ усвоија нов закон кој Европската комисија го предложи со цел да се гарантира правото на информации на обвинетите во текот на кривични постапки. Според „Директивата за право на информации во кривични постапки“, осомничените за кривично дело ќе бидат информирани за своите права на јазик кој тие го разбираат. Оваа мерка ќе гарантира дека земјите од ЕУ на сите лица кои ќе бидат уапсени или се предмет на Европскиот налог за апсење – ќе им биде прочитан Списокот на правата каде се наведуваат неговите/нејзините основни права за време на кривичната постапка. Откако ќе стапи во сила (две години по неговото објавување во Службениот весник на Европската унија – што се очекува да се случи во следните неколку недели), новиот закон ќе се применува во околу 8 милиони кривични постапки годишно, во сите 27 држави-членки на ЕУ. Во моментов, ова право постои само во една третина од државите-членки.

Целото соопштение

Предлог за дополнување на Нацрт-акциски план за Отворено владино партнерство (прва верзија) на Република Македонија

Денеска, 23 март 2012 година, Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) испрати Предлог за дополнување на Нацрт-акциски план за Отворено владино партнерство (прва верзија) на Република Македонија до Министерството за информатичко општество и администрација.

Политичките партии не сакаат да зборуваат за своите пари

tm foomПолитичките партии во Македонија се нетранспарентни во нивното финансирање, а институциите овластени за регулација на финансирањето многу слабо ги спроведуваат законските норми. Ова се генералните забелешки од тркалезната маса одржана на 15-ти февруари, каде што беше претставен годишниот Извештај за транспарентност во финансирањето на политичките партии, издаден од Транспарентност Македонија (ТМ) и Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ).

За потребите на Извештајот биле испратени 224 барања за добивање информации до 55 политички партии, како и до сите инволвирани субјекти кои се задолжени за регулација на финансирањето на политичките партии. Меѓу другото, од политичките партии на увид биле побарани и годишни финансиски извештаи за 2010 година, како и извештаи за финансирање на изборната кампања.

Започнува дистрибуцијата на роковникот за 2012 година, „Да не заборавам: Имам права!“

ФООМ РоковникПравната програма при Фондацијата Отворено општество – Македонија подготви роковник за афирмација на примената на Законот за бесплатна правна помош и Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Роковникот кој ја содржи пораката ДА НЕ ЗАБОРАВАМ: ИМАМ ПРАВА!, наменет за активистите за човекови права и за студенти, ќе се дистрибуира бесплатно. Можете да го добиете и ако ни пратите е-маил на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .

Имајќи предвид дека особен фокус на правната програма е подобрување на заштитата на човековите права и набљудување на спроведувањето на новововедените механизми за заштита на човековите права, ФООМ спроведува кампања за афирмирање на правото на еднаквост и правото на слободен пристап. Од овие причини, ФООМ подготви роковник во којшто преку цитати, хронологија на настани, квиз и преку обработка на случаи од праксата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, ќе ги запознае граѓаните со фудаменталните права – правото на еднаквост и правото на пристап до информации. Воедно, роковникот ги афирмира правата и преку информативните прилози поврзани со имплементацијата на Законот за бесплатна правна помош и Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Дистрибуцијата на роковникот се врши во ГЕМ клубот (ул. Караорман бб).

Погледнете го роковникот

Коментар на законот за Слободен пристап до информациите од јавен карактер

Скопје, 21 декември 2011. Правната програма на Фондацијата Oтворено општество – Македонија (ФООМ) е посветена на промовирање на транспарентноста и отчетноста на институциите, почитување на човековите права и поддржување на реформите на правниот систем во Република Македонија. Приоритет на програмата е да го охрабри јавното учество во овие процеси. Затоа ФООМ го публикуваше Коментарот на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер кој ќе им помогне, но и ќе ги поттикне граѓаните и здруженијата да бараат остварување на нивното правото на пристап до информациите кои ги креираат властите. Во оваа насока е и изјавата на Џон Рајд, канадски политичар и поранешен Комесар за информации на Канада кој вели: „Во најголема мера, претставниците на власта ја сакаат тајноста, бидејќи таа е алатка за моќ и контрола, а не затоа што информацијата што ја имаат е особено чувствителна според својата природа“.

Транспарентност во финансирањето на политичките партии

Транспарентност Македонија (ТМ) и Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) го спроведуваат проектот „Транспарентност во финансирањето на политичките партии“, преку кој континуирано се следи и се анализира финансирањето на политичките партии. Свесни за тоа дека станува збор за комплексна операција, преку проектот се обидуваме да ги идентификуваме сите неправилности и кршењето на законските норми, но и недостигот од транспарентност и јавност во работата на политичките партии.

(Не)транспарентност во финансирањето политички партии

tm 1Во организација на Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) и Транспарентност Македонија (ТМ), а по повод објавувањето на резултатите од првиот периодичен извештај, на 17 ноември се одржа тркалезната маса „Транспарентност во финансирањето на политичките партии“.

Во своето воведно обраќање, професорот Ванчо Узунов нагласи дека финансирањето на политичките партии сеуште претставува сива и нејасна зона, податна за ширење корупција, не само заради недоследностите во начинот на регупирање туку и заради начинот на кој се применува. Република Македонија, преку низа закони, се обврза да обезбеди еднаков пристап до изворите на финансирање за сите политички партии, а се обврза и да обезбеди и ефикасен контролен механизам кој треба да гарантира одговорност и транспарентност во финансирањето на политичките партии. Сепак, постојат низа недоследности, и од страна на политичките партии и од страна на државните институции кои имаа надлежности врз процесот. Државните институции не ги исполнуваат надлежностите, додека за политичките партии се стекнува впечатокот дека меѓу нив постои консензус да не се зборува отворено за финансирањето.

Тркалезна маса: Транспарентност во финансирањето на политичките партии

tm-logo
foom-logo


На 17 ноември (четврток), во хотелот Холидеј Ин (Дневна сала) со почеток во 11.00 часот, Транспарентност Македонија и Фондацијата Отворено општество - Македонија организираат тркалезна маса на тема: „Транспарентност во финансирањето на политичките партии“. Целта на средбата е да се презентира периодичниот извештај од истражувањето во рамките на проектот „Транспарентност во финансирањето на политичките партии“, како и да се идентификуваат насоки за натамошни активности за зголемување на транспарентноста во финансирањето на политичките партии во Република Македонија.

На тркалезната маса, на која се поканети претставници од институциите надлежни за надзорот и контролата на финансирањето на политичките партии, од парламентарните политички партии, граѓанскиот сектор и експерти, свои излагања ќе имаат: д-р Никола Тупанчески, поранешен претставник на ГРЕКО за РМ, д-р Рената Тренеска – Десковска, експерт и д-р Предраг Трпески, експерт.

Партиите да кажат кој им го полни чекмеџето

Меѓународен ден на слободниот пристап до информации

Дури 110 жалби против политичките партии стигнале до Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации во изминатата година. Комисијата заклучува дека големиот број жалби поднесени против политичките партии се должи на нивната затвореност кога станува збор за финансиите и финансиските извештаи по основ на донации, како и на непознавањето на оваа правна регулатива. Но за информации не се затворени само партиите, туку и институциите. На ова се потсетува на денешното одбележување на Денот на слободниот пристап до информации.

Меѓународен ден за слободен пристап до информации

По повод Меѓународниот ден за слободен пристап до инфорации „Имам право да знам“ (Right to Know Day) - 28 септември 2011 година, Фондацијата Отворено општество – Македонија, Транспарентност Македонија, Фондацијата Метаморфозис, Македонското здружение на младите правници, Младинскиот образовен форум и  Цивил – центар за слобода, ја промовираат веб страната www.spinfo.org.mk.

Анализа на процесот на креирање на регулативите преку изготвување на проценка на влијанието на регулативата во 2010

naslovna-3dАнализата на процесот на креирање на регулативите преку изготвување Проценка на влијанието на регулативата е производ од набљудувањето спроведено од страна на Македонското здружение на младите правници во текот на 2010 година, во рамките на проектот „Право да знам, право да учествувам“ поддржан од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија. Набљудувањето имаше за цел да го утврди начинот на креирање на регулативите од страна на државните органи, односно начинот на кој државните органи ја утврдуваат потребатата од донесување на нова и измена и дополнување на веќе постоечката регулатива.

Незаконита пресуда на управниот суд за ограничувањето на слободниот пристап до информации

На граѓанинот, барател во постапка за слободен пристап до информации од јавен карактер, му беа потребни скоро 4 години за да добие шанса за повторно разгледување на неговото барање: „На колку предмети се користеле специјални истражни мерки во текот на 2006 и 2007 година“?

Промоција на законските права и обврски од слободниот пристап до информациите

P1011065Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) ја поддржа Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и во периодот од 9 мај до 17 јуни 2011 беа одржани девет од вкупно десетте планирани регионални обуки на тема: “Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер“. Обуките се наменети за граѓаните, здруженијата, како и за службените лица кај имателите на информации од јавен карактер, кои директно учествуваат во спроведување на Законот. Обуките беа спроведени во градовите Велес, Штип, Кичево, Дебар, Ресен, Струга, Струмица, Гевгелија и Кратово. Во периодот што следи едукативна обука е предвидено да се одржи и во Делчево.

Брошура „Транспарентност во финансирањето на политичките партии“

BrosuraПолитичките партии се столбовите на современите демократии. Тие се клучни за генерирањето на активни политички актери и создавањето на политики кои преку избори и легитимно владеење прераснуваат во политички решенија. Оттука, како креатори на политичкиот живот во едно општество, политичките партии потенцијално се носители не само на моќ, туку и на одговорност за негување на демократските принципи. Токму и затоа начинот и контролата на нивното финансирање е важно за создавање и оддржување на стабилен и легитимен политички систем.

Целата брошура може да ја видите тука.

Работата на Владата е тајна за граѓаните!

Во Република Македонија Владата смета дека транспарентнпст и отчетност значи рекламирање на телевизиските екрани. Затоа сакаме да ја пптсетиме Владата дека таа е должна да ја информира јавноста за својата работа, односно за политиките кои ги креира, пред сè преку пристапот до документите.

Анализа на студентската и академската мобилност: „Сонуваме да патуваме“

Сонуваме да патуваме Младински образовен форум (МОФ), со поддршка на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, на 27.01.2011 година, во ЕУ Инфоцентар,  одржа јавна трибина на која ги презентираше резултатите од истражувањето на тема “Мобилност на студенти и академски кадар”. Овие резултати се публикувани во брошурата “Сонуваме да патуваме”.

Информативна средба за граѓаните

Македонското здружение на млади правници и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија на ден 1 Декември 2010  (среда) во 10 часот, организираа информативна средба за граѓаните заради запознавање со правото на пристап до информации од јавен карактер.

Соопштение: Комисијата не дозволува жалба против известување

Македонското здружение на млади правници и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ), месечно Ве информираат за состојбата со остварувањето на првото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во рамките на проектот „Слободен пристап до информации од јавен карактер“.

Светски ден за слободни медиуми 2010

Скопје, 3 мај 2010 година. Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, Македонското здружение на млади правници и Младинскиот образовен форум го одбележуваат Светскиот ден за слободни медиуми 2010 година, кој оваа година е посветен на слободниот пристап до информациите.

ИМАМ ПРАВО ДА ЗНАМ!

28 Септември - Меѓународен ден на слободниот пристап до информациите од јавен карактер

Правна програма: ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

И по изминати три години од примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер 63% од граѓаните не знаат дека постои законот

Прес-конференција

СУДСКИТЕ ПРЕСУДИ И ПОНАТАМУ ОСТАНУВААТ НЕДОСТАПНИ ЗА ЈАВНОСТА

Македонското здружение на млади правници, Скопје ќе одржи прес-конференција во просториите на НВО Инфоцентарот, во петок на 08 Мај 2009 година, со почеток во 11:00 часот.

СООПШТЕНИЕ

ВЛАДАТА ТВРДИ ДЕКА ГО НЕМА ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ!?

Соопштение

ДОЛГ Е ПАТОТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ИНФОРМАЦИЈА ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Месечен извештај

За состојбите при имплементирањето на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

Конвенција за пристап до службените документи на Совет на Европа

Лобирање во Парламентарното собрание на Советот на Европа: Успешна активност на повеќе од 250 европски граѓански организации

ПРАВНА ПРОГРАМА

Изолациона сесија на работната група за подготовка на Предлог-измени на Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

Владините кампањи-изгор

Меѓу 70 и 100 милиони евра најверојатно потрошила владата за реклами и за огласи во медиумите и за добро осмислено претставување во јавноста во рок од нецели три години, покажуваат пресметките на невладината организација за борба против корупцијата „Транспарентност“.

ПРАВНА ПРОГРАМА

Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ) во соработка со Македонското здружение на млади правници (МЗМП), на 12 септември 2008 во Скопје, ја организираа петтата регионална средба, како дел од проектот: „Промовирање и заштита на правото за  слободен пристап до информации од јавен карактер во Република Македонија“.

Власта гради ѕидови околу пристапот до информациите

- Колку автомобили има во возниот парк на Владата?
- Колкава е годишната потрошувачка на гориво за службените патувања на министрите?
- Колку плата зема министерот за образование?
- Колку кантини работат во касарните?
Ѕид од тишина

Еден од најфрапантните резултати е дека молчење на администрацијата имало кај речиси половината државни органи на централно ниво и дури 62,96 отсто кај политичките партии

ПРАВНА ПРОГРАМА

Реакција до Собранието на Република Македонија во врска со Предлогот за донесување на Закон за изменување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со предлог закон

Европска конвенција за пристап до службени документи

Доколку нацртот се усвои во сегашната форма, Европската конвенција за пристап до службени документи ќе легитимизира законодавство на кое му недостасуваат важни мерки за безбедност коишто во моментов можат да се најдат во голем број национални закони за пристап до информации со што се занемарува огромниот напредок направен во последните години, реализиран и во Република Македонија.

Проект

Набљудување на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер во областа на високото образование

Информациите и натаму остануваат тајни

Извор: Катица Чангова / Утрински весник 

Владата на Македонија цели осум месеци одбива да и' ги презентира на јавноста фотокопиите од договорите за продажба на рафинеријата ОКТА и „Македонски телекомуникации“.

Поднесени 629 барања, на 40 отсто немало одговор

Извор: Време

До јавните институции, граѓаните поднеле вкупно 629 барања, од кои во 40 отсто случаи се соочиле со „молчење на администрацијата“, покажува извештајот за спроведувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Закон има, слободен пристап до информации нема

Извор: Н.Н.С. / Дневник

Иако Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер е во сила повеќе од една година, граѓаните немаат пристап до нив поради пропусти во регулативата.

Информација за платите во Општина Бутел чини 9.000 денари

Извор: Катица Чангова / Утрински весник

Можеби е за рубриката „Верувале или не“, но информацијата за советничките „плати“ во скопската Општина Бутел ќе ги чини граѓаните 9.000 денари! Со образложение „информацијата е од јавен карактер и може да биде злоупотребена“, Јавното претпријатие „Брегалница“ од Делчево не сака да достави фотокопија од анализата на водата за последниот месец, па на граѓанинот му предлага устен одговор, бидејќи „не смееле да дадат писмен со печат“.

Ѕид од тишина: Година од спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) на 26 ноември 2007 година  организираше тркалезната маса со наслов „Една година подоцна“ по повод едногодишното набљудувањето на спроведувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Месец на отвореното општество на ФИООМ

Годинава, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) одбележува 15 години од своето основање и работење. Својот јубилеј ФИООМ ќе го прослави работно, со организирање низа настани: дебати, промоции, изложби, конференција, во текот на „месецот на отвореното општество“, ноември 2007 година.

Информациите се губат во лавиринтите на обемните ресори

Извор: Катица Чангова / Утрински весник


Одисејата за добивање информации од јавен карактер можеби е најприсутна во министерствата за труд и социјална политика, за одбрана, за внатрешни работи и за транспорт и врски.

Бесплатна правна помош за граѓаните во остварување на правото за слободен пристап до информации

Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) во соработка со Македонското здружение на млади правници (МЗМП) на 29 и 30 септември 2007 во Струга организираа втор напреден тренинг за адвокати кои ќе даваат бесплатна правна помош за граѓаните во остварување на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Драги пријатели на Слободата на информациите

Во чест на одбележувањето на Денот на правото на слободен пристап до информации – Имам право да знам!, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија ќе организира неколку настани

Анализа: Комисија за неслободен пристап до информации

Оние што не' повикуваат на борба против корупцијата - и оние што не' подучуваат финансираат судир на интереси.

Проект: Набљудување на слободниот пристап до информациите од јавен карактер

Во неделата на 16 септември 2007 год. во Скопје се спроведе инструктажа за 100 баратели, кои користејќи го правото од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, ќе поднесуваат барања до имателите на информации на централно ниво.

„Транспарентната“ Влада е најмолчаливата институција во државава

Законот за слободен пристап до информации инаугурира слобода, а се спроведува со сила.

Една година од примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, во соработка со 14 невладини организаци, го набљудуваше остварувањето на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер во првата година од имплементацијата.
Прес-конференција за имплементацијата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Во петок на 31 август 2007 година, со почеток во 12:30 часот, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со партнерите на проектот Имплементација на слободниот пристап до информации ќе одржат прес-конференција на тема: Една година потоа: Извештај од имплементацијата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Работна средба за слободен пристап до информации

Во организација на Фондацијата Институт отворено општество Македонија вчера во Скопје се одржа третата работна средба на тема „Подобрување на имплементацијата и примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Законот за безбедност на класифицирани информации и Законот за заштита на личните податоци“.

Казни до 5.000 евра за објавување лични податоци

Со измените на Законот за заштитата на личните податоци што ги подготвува Министерството за правда, Дирекцијата за заштита на лични податоци ќе може да изрекува глоба до 5.000 евра за правни лица, а до 2.000 евра за физички лица при повреда на Законот.

Експертите бараат да се дефинира што е тоа јавен интерес

Подобрување на имплементацијата и примената на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, беше една од главните теми на дискусија на вчерашната тркалезна маса во организација на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија и Фондацијата за одржливи информатички решенија „Метаморфозис“. Ова е втора по ред тркалезна маса, која овој пат беше посветена на медиумите.

Втора и трета работна средба за подобрување на имплементација на трите закони

На 10 и 11 јули 2007 година со почеток во 10:00 часот беа организирани втората и третата работна средба на тема: Подобрување на имплементацијата и примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Законот за безбедност на клацифицирани информации и Законот за заштита на личните податоци.

Владата урива рекорди во молчење, не одговора на прашањa

Владата на Никола Груевски не само што урива рекорди во порастот на довербата туку урива рекорди и во степенот на молчење пред граѓаните. Од моментот кога се озакони слободниот пристап до информациите од јавен карактер, владината администрација целосно ги игнорира и ги бојкотира граѓаните. Владата не одговорила на ниту едно прашање!

Државните информации зад девет катанци

Тајна е колку држави не' признале под уставно име, колку се потрошени за „Инвестирајте во Македонија“, колку загадува „Окта“... ова е само дел од неславниот почеток на примената на Законот за слободниот пристап до информации од јавен карактер

Подобрување на имплементацијата на слободниот пристап до информации

На 30 мај (среда) 2007 година со почеток во 10:00 часот беше организирана  првата работна средба на тема: Подобрување на имплементацијата и примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Законот за безбедност на клацифицирани информации и Законот за заштита на личните податоци.

Слобода на информациите: Како да се постигне одговорност и транспарентност на владата

Од 19 до 23 март 2007 год, во организација на PAI–Public Administrational International, во Лондон, Велика Британија се одржа студиска програма: “Слобода на информациите: Како да се постигне отвореност и транспарентност на Владата“.

Искуства од примената на Законот за слободен пристап до информации

Искуства од примената на Законот за слободен пристап до информации На заедничка прес-конференција, одржана на 14 февруари 2007 година, ФИООМ и Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер ги  презентираа првите искуства, предизвици, дилеми и постигнувања од петмесечното спроведување на Законот за слободен пристап до информации.

Коментар на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Коментар на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер Правната програма на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) го издаде Коментарот на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Сл. весник на РМ бр.13/2006). Автори на Коментарот се проф. д-р Борче Давитковски и доц. д-р Ана Павловска – Данева од Правниот факултет „Јустинијан први“ – Скопје.

Извештај од анализа на законите и практиките за слободен пристап до информации

На 22 декември 2006 година со почеток во 12:00 часот беше промовиран Извештајот на Иницијатива за правда при Отворено општество од анализата на законите и практиките за слободен пристап до информации во четиринаесет земји „Отвореност и молчење“.

Како се спроведува законот за пристап до информации: Одговараат за да не одговорат

Не одговараат воопшто или даваат одговори во кои ништо не кажуваат – вака се однесуваат министерствата, јавните претпријатија, општините и судовите кога граѓаните ќе им побараат информации. Иако Законот за слободен пристап до информации од пред неполни четири месеци ги обврза на транспарентност во работата, институциите тешко се отвораат за јавноста.

Бесплатна правна помош

Бесплатна правна помош за граѓаните во остварување на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Отпочнува примената на законот

По донесувањето на законот ФИООМ активно ја следеше неговата имплементација. Навремено и успешно изврши притисок за формирање Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер и донесување на подзаконските акти.

Спроведување на Законот

Во февруари 2006 година Парламентот на Република Македонија го усвои Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. НВО активистите имаа забелешки за квалитетни промени во предложениот закон и како резултат на тоа некои суштински препораки беа прифатени и имплементирани во законот.