Топ контакт

Контактирајте нè на: pravo@soros.org.mk 

Choose language

Search

Breadcrumbs

Како се спроведува законот за пристап до информации: Одговараат за да не одговорат

Не одговараат воопшто или даваат одговори во кои ништо не кажуваат – вака се однесуваат министерствата, јавните претпријатија, општините и судовите кога граѓаните ќе им побараат информации. Иако Законот за слободен пристап до информации од пред неполни четири месеци ги обврза на транспарентност во работата, институциите тешко се отвораат за јавноста.

Во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации, генерално се задоволни од почетокот на спроведувањето на законот.

Не одговараат воопшто или даваат одговори во кои ништо не кажуваат – вака се однесуваат министерствата, јавните претпријатија, општините и судовите кога граѓаните ќе им побараат информации. Иако Законот за слободен пристап до информации од пред неполни четири месеци ги обврза на транспарентност во работата, институциите тешко се отвораат за јавноста.

Во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации, генерално се задоволни од почетокот на спроведувањето на законот.

- За три месеци не може да се очекуваат чуда. Имаме позитивни примери од општините, каде мислевме дека законот тешко ќе се спроведува. И министерствата ги слушаат препораките што им ги даваме. Имаме проблеми со барателите на информации, кои не се доволно обучени и поставуваат прашања кои не се во согласност со овој Закон – вели Јанко Николовски, претседател на Комисијата.

Од октомври до Комисијата за заштита на правото на пристап до информации се стигнати 19 жалби од граѓани. Тие се жалеле на „молк на администрацијата“. Жалбите се однесуваат на повеќе институции, чии службеници одбиле да одговорат на прашањата. По некои жалби Комисијата постапува, но имало и такви прашања кои не се во согласност со овој закон.

Граѓаните не знаат ни по која цена треба да платат за фотокопија или препис на документите што им ги даваат институциите. Веќе имаше сознанија дека јавни претпријатија наплаќале и по 500 денари за фотокопија на документ што чини 36 денари. Тарифникот за овие услуги треба да го изработи Министерството за финансии.

Секоја институција од јавен карактер е должна да подготви список на информации што може да им ги даде на граѓаните и да го објави јавно на огласна табла или на веб-страница. Оваа обврска се уште ја немаат исполнето неколку министерства, повеќе јавни претпријатија и судови. Комисијата беше принудена да испрати неколку ургенции до институциите за да назначат службеници задолжени да примаат барања и да одговараат на нив.

Собранието го донесе законот за пристап до информации летово, по критиките дека Македонија е единствена држава во Европа без регулиран пристап до информации. Законот почна да се применува од први септември. Тој им дава право на граѓаните да прашуваат за плати, тендери, одлуки, решенија или да бараат увид во документи. Институциите се должни да одговорат во рок не подолг од 40 дена, освен во случаи кога информациите се доверливи. Во министерствата веќе почнаа да се повикуваат на членот 6, кој им дозволува да не дадат информации.

Тајните си останаа тајни

„Време“ пред околу еден месец испрати прашања до десетина институции. Повеќето одговорија во законскиот рок од 30 дена, но одговорите се или нецелосни или институциите се прогласуваат за ненадлежни.

Прашање до Министерството за одбрана:

Кои беа пилотите што ги управувале хелихоптерите на АРМ во јуни 2001 година, кои вршеле транспорт на позициите на Попова Шапка, истиот ден кога наводно било гранатирано бачилото на Иснифарис Џемаили. Бараме увид во документот со кој се докажува дека хелихоптерите не биле вооружени.

Одговор:

Ве известуваме дека врз основа на членот 6 став 1 и 2 од Законот за слободен пристап до информации не сме во можност да ви ја доставиме бараната информација бидејќи е класифицирана со одреден степен на тајност.

Прашање до Фонд за здравство:

Кои се пациентите за чие лекување се потрошени 2 милиони евра народни пари?

Одговор:

Болеста на пациентите е личен и доверлив податок. Од тие причини не можеме да го откриеме нивниот идентитет.

Прашање до Службата за општи и заеднички работи на Владата:

Бараме увид во сметките за мобилни телефони на сите министри во претходниот владин состав за периодот јануари - јули 2006 година.

Одговор:

Службата нема увид во сметките за мобилните телефони на министрите, поради што ве упативаме тие податоци да ги побарате во министерствата.

Прашање:

Бараме увид во расходите за опрема на кабинетите на министрите од претходната влада, за периодот јануари-јули 2006 година.

Одговор:

Во овој период Службата не вршела опремување на кабинетите на кој било министер од претходната влада. Дали министерствата ги опремувале кабинетите на своите министри на Службата не и е познато.

Прашање до Министерството за образование:

Колку пати и кога Државниот просветен инспекторат направил увид во работата на Тетовскиот универзитет? Бараме увид во извештаите на инспекторите и во вонредната ревизија на Министерството за образование.

Одговор:

Првиот надзор е на 10.10.2006 година, а контролен инспекциски надзор по наодите од првиот увид беше извршен на 23.10.2006 година. Увиди во извештаите може да направите, но со претходен договор со директорот на ДПИ за усогласување на термините на вашата посета. За нас е нејасно што е барањето за увид во вонредната ревизија, па оттаму не сме во можност да ви одговориме.

Барање до Министерството за правда:

Бараме увид во извештајот за работата на нотарот Никола Стојменовиќ.

Одговор:

Документите ги покажа лично министерот Михајло Маневски, еден ден по поднесувањето на барањето.

Извор: Сунчица Стојановска / Време