Топ контакт

Контактирајте нè на: pravo@soros.org.mk 

Choose language

Search

Breadcrumbs

Извештај од анализа на законите и практиките за слободен пристап до информации

На 22 декември 2006 година со почеток во 12:00 часот беше промовиран Извештајот на Иницијатива за правда при Отворено општество од анализата на законите и практиките за слободен пристап до информации во четиринаесет земји „Отвореност и молчење“.

Овој извештај е од спроведено набљудување во 2003 и 2004 година, а ги наведува резултатите од работата на службите и институциите на власта како одговараат на одредени барања за пристап до информации во Република Македонија, Аргентина, Ерменија, Бугарија, Чиле, Франција, Гана, Кенија, Мексико, Нигерија, Перу, Романија, Јужна Африка и Шпанија. Регистрирани и анализирани се резултатите од набљудувањето во кое се поднесени 1926 барања за информации. Главните наоди од истражувањето се: (1) Законите за пристап до информации ја зголемуваат отвореноста, (2) Молчењето на администрацијата е значителен проблем, (3) Земјите во транзиција обезбедија повеќе информации отколку „зрелите“ демократии, (4) Вклучувањето на граѓанското општество помага, (5) Дискриминацијата влијае врз стапката на одговори, (6) Непостојани резултати, (7) Ретки писмени одбивања.

Главниот наод покажува дека најголем проблем е премолчното одбивање, дури со 47%, а тоа е и проблем во Република Македонија каде на 44% од барањата администрацијата молчи.

Набљудувањето во Република Македонија го спроведе ЗГ Про Медиа. Преводот и печатењето на македонски и албански јазик финансиски го поддржаа Иницијатива за правда при Отворено општество и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.

Преземи го извештајот.