Топ контакт

Контактирајте нè на: pravo@soros.org.mk 

Choose language

Search

Breadcrumbs

Коментар на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

 

Коментар на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер Правната програма на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) го издаде Коментарот на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Сл. весник на РМ бр.13/2006). Автори на Коментарот се проф. д-р Борче Давитковски и доц. д-р Ана Павловска – Данева од Правниот факултет „Јустинијан први“ – Скопје. Коментарот е издаден на македонски, албански и англиски јазик, а ќе биде дистрибуиран до сите иматели на информации, носители на јавни функции и до граѓаните преку граѓанскиот сектор.

ФИООМ го промовира правото на слободен пристап до информации од јавен карактер од 2004 година, а прави напори неговата имплементација да ја подобри преку континуирано набљудување на спроведувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Постапката за остварување на правото за слободен пристап, на граѓаните, им се приближува и преку web страната www.spinfo.org.mk.

Преземето го електронски Коментарот на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер