Топ контакт

Контактирајте нè на: pravo@soros.org.mk 

Choose language

Search

Breadcrumbs

Поднесени 629 барања, на 40 отсто немало одговор

Извор: Време

До јавните институции, граѓаните поднеле вкупно 629 барања, од кои во 40 отсто случаи се соочиле со „молчење на администрацијата“, покажува извештајот за спроведувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Извештајот, како што рече Никола Тупанчески, член на Управниот одбор на фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ) детално ги наведува резултатите од набљудувањето, во периодот од септември 2006 до септември 2007 година. Целта на извештајот е да се види како имателите на информациите го имплементираат Законот, односно како одговараат на одредни барања за пристап до информациите. 

- Ова е добра можност да се направи рекапитулација што се случува една година по донесувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Тој закон беше нужен, имавме една година да направиме процена, анализа, да дадеме некакви коментари и сугестии во контекст на подобрување на законската регулатива - истакна Тупанчески.

Според него, има сериозни забелешки во однос на показателите за процентуално неодговорените барања за информација до соодветните институции.

- Иако Законот постои повеќе од една година, има технички пропусти. Тој треба да претрпи одредени корекции на легислативен план, но и да се направи нешто во поглед на применувањето. Јавната администрација треба да го подобри својот рејтинг во давањето информации и намалувањето на процентот на неодговорени барања - нагласи Тупанчески.
За Ана Павловска, професорка на Правниот факултет во Скопје, потребни се измени на Законот, бидејќи во него има многу недореченост и пропусти.

- Граѓаните реално немаат обезбеден пристап до информациите. Првата причина е дека самиот Закон не дозволува такви можности. Тој е непрецизен, недоречен и создава можност за негова злоупотреба, а втората причина е дека имателите на информациите го користат овој законски вакуум за да ги избегнат барањата за информации - смета Павловска.

Таа вели дека најголем проблем е јавната администрација. Законот има предвидено решение, кое ги поттикнува имателите на информациите да молчат .