Имам право да знам

Случаи

Случаи Листа на поднесени барања за добивање на информации од јавен карактер, подредени по имател на информации  [...]

Барање

Global Интерактивен систем за поддршка при поднесување на барање за слободен пристап до информации од јавен карактер [...]

Жалба

Жалба Интерактивен систем за поддршка при поднесување на жалба при барање за слободен пристап до информации од јавен карактер [...]

База на знаење

Знаење Најчесто поставувани прашања и одговори поврзани со процедурата на добивање на информации од јавен карактер. [...]

Коментар на законот за Слободен пристап до информациите од јавен карактер

Скопје, 21 декември 2011. Правната програма на Фондацијата Oтворено општество – Македонија (ФООМ) е посветена на промовирање на транспарентноста и отчетноста на институциите, почитување на човековите права и поддржување на реформите на правниот систем во Република Македонија. Приоритет на програмата е да го охрабри јавното учество во овие процеси. Затоа ФООМ го публикуваше Коментарот на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер кој ќе им помогне, но и ќе ги поттикне граѓаните и здруженијата да бараат остварување на нивното правото на пристап до информациите кои ги креираат властите. Во оваа насока е и изјавата на Џон Рајд, канадски политичар и поранешен Комесар за информации на Канада кој вели: „Во најголема мера, претставниците на власта ја сакаат тајноста, бидејќи таа е алатка за моќ и контрола, а не затоа што информацијата што ја имаат е особено чувствителна според својата природа“.

Дополнително, во публикацијата на македонски јазик се додадени: Конвенцијата на Советот на Европа за пристап до јавните докумнети, која Република Македонија ја има потпишано но не и ратификувано, како и Општиот коментар бр.34 на Комитетот за човекови права на Обединетите нации на членот 19: Слободи на мислење и изразување од Меѓународниот пакт за граѓански и политички права.

Преземете ја електронската публикација

За да ви доставиме печатен примерок од публикација ве молиме да не’ контактирате на e-mail: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Вие сте на: Home Вести Коментар на законот за Слободен пристап до информациите од јавен карактер