Започнува дистрибуцијата на роковникот за 2012 година, „Да не заборавам: Имам права!“
- Детали Среда, 15 Февруари 2012 11:24
Правната програма при Фондацијата Отворено општество – Македонија подготви роковник за афирмација на примената на Законот за бесплатна правна помош и Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Роковникот кој ја содржи пораката ДА НЕ ЗАБОРАВАМ: ИМАМ ПРАВА!, наменет за активистите за човекови права и за студенти, ќе се дистрибуира бесплатно. Можете да го добиете и ако ни пратите е-маил на
This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
.
Имајќи предвид дека особен фокус на правната програма е подобрување на заштитата на човековите права и набљудување на спроведувањето на новововедените механизми за заштита на човековите права, ФООМ спроведува кампања за афирмирање на правото на еднаквост и правото на слободен пристап. Од овие причини, ФООМ подготви роковник во којшто преку цитати, хронологија на настани, квиз и преку обработка на случаи од праксата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, ќе ги запознае граѓаните со фудаменталните права – правото на еднаквост и правото на пристап до информации. Воедно, роковникот ги афирмира правата и преку информативните прилози поврзани со имплементацијата на Законот за бесплатна правна помош и Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Дистрибуцијата на роковникот се врши во ГЕМ клубот (ул. Караорман бб).










