Вести
Непостоењето на соодветен систем за санкционирање на имателите на информации ги прави неодговорни во почитувањето на законските обврски
- Детали
- Понеделник, 10 Декември 2012 09:26
Целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер донесен пред седум години, беше пред сѐ овозможување на пристап на граѓаните и другите лица до информациите кои ги создаваат државните органи при својата работа, а кои се од јавен интерес. Но, и по седумгодишната примена, некои државни институции не ја сфатија сериозно правната обврска која произлегува од овој закон, ниту пак одговорноста која би ја сносиле доколку не одговорат на поднесеното барање.
Имателите на информации со формализам го ограничуваат правото за слободен пристап до информациите
- Детали
- Четврток, 01 Ноември 2012 13:22
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер (во понатамошниот текст „Комисијата“) ги поучува имателите како да го одбијат пристапот до бараните информации, а со тоа им оневозможуваат на барателите да си го остварат своето уставно и законско загарантирано право.
Институциите поминуваат неказнето иако не ги почитуваат роковите за донесување акти предвидени со НПАА 2012
- Детали
- Понеделник, 01 Октомври 2012 13:13
Во текот на 2012 година, Македонското здружение на млади правници (во понатамошниот текст „МЗМП“) во рамките на проектот „Остварување на правото на пристап до информациите со обезбедување правна помош и стратешко застапување“, поднесе повеќе барања[1] до разни иматели на информации со цел изработка на Анализа за спроведувањето на НПАА 2012 и дали истата се почитува, притоа како алатка го користи правото на пристап до информации од јавен карактер.
Законот за слободен пристап до информации е добар, но не се спроведува целосно
- Детали
- Четврток, 27 Септември 2012 14:11
Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, и понатаму не се имплементира правилно. Иако од неговото стапување во сила изминаа шест години, граѓаните и институциите се уште имаат проблеми при добивање на информации од јавен карактер. Ова се генералните заклучоци во анализата за имплементација на Законот, изработена од Фондацијата Отворено општество-Македонија (ФООМ) која беше претставена на 27 септември 2012, еден ден пред „Меѓународниот ден за слободен пристап до информации од јавен карактер“.
Презентирајќи ги наодите во анализата, Данче Даниловска, оцени дека Законот е добар но проблематична примената, и тоа на повеќе нивоа. „40 отсто од поднесените 732 барања беа обжалени пред Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер. При тоа, дури половина од поднесените жалби се заради молчење на администрацијата“ истакна Даниловска.












Вести